Македонија во инфлациска црвена зона, меѓу најлошите во Европа, сподели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. На картата изработена од Фајненшел тајмс за годишната стапка на инфлација објавена на 18 мај, Македонија е во црвената зона.

Инфлацијата во Македонија е 10.5%. За инфлацијата придонесе покачената струја за 30%, која е покачена затоа што не се произведува дома, туку се увезува од надвор, а не се произведува затоа што власта крадеше во РЕК и ЕЛЕМ. Покачена е цената на парното, затоа што власта не се обезбеди со евтин енергенс на време, како што го сторија тоа земјите од регионот. Поскапен е лебот и брашното и до 100% затоа што годишно увезуваме и до 60.000 тони пченица, а увезуваме затоа што го уништија земјоделието. Иста е причината и со зголемените цени на маслото за јадење, за чие производство сме зависни од увоз на нерафинирано масло од надвор, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.