logo
logo
logo

Караџовски: СЛЕДНАТА НЕДЕЛА Е КЛУЧНА

Vecer | 26.03.2021

Караџовски: СЛЕДНАТА НЕДЕЛА Е КЛУЧНА

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во Само Интервју на Канал 5 истакна дека следната недела е клучна во Македонија.

Тој истакна дека пикот се уште не е достигнат бидејќи секој вирус има активност од 6 до 8 недели, а сега сме на шеста недела.

Круцијална е следната недела во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети. Се уште не сме го достигнале максимумот. Секој респираторен вирус ја има својата активност шест до осум недели. Во моментот сме крај на шестата недела. Круцијална е седмата недела во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети, рече Караџовски.

Тој додаде дека проценките на Комисијата за заразни болести се дека нема потреба од воведување на дополнителни рестриктивни мерки бидејќи со нив ништо не би се постигнало. Пример се соседните држави што воведоа карантин, но бројот на заболени не се намали.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk