logo
logo
logo

Славески: Мерките на власта не вродија со плод, туку уште повеќе ја продлабочија кризата

Vecer | 15.03.2021

Славески: Мерките на власта не вродија со плод, туку уште повеќе ја продлабочија кризата

Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во „24 Анализа“ зборуваше за економската состојба и за тоа како како владата се справува со оваа криза каде меѓудругото ги критикуваше мерките на власта за справување со КОВИД кризата.

„Ние ја штитиме економијата, штитиме сектори кои што учествуваат со мал процент во БДП, младите прават журки, на 30 сантиметри се едни од други конзумирајќи алкохол и пијалоци, ги заразуваат сопствените родители што крајно се чуваат, на работните места каде што се нивните родители работодавачите трошат значителни средства за заштитна опрема, за внимателно превезување на патниците и слично, а заразата доаѓа од она што ние сакаме да го либерализираме, изјави Славевски.

Тој додаде дека поради тоа економијата трпи многу.

„Така што економијата трпи во многу посредно, еве и со мерките, зар не можеше да се помогне во организацијата за превозот на вработените, па дури и на јавниот превоз кој што можеме да видиме од сликите дека е извор на опасности за заразување. Така што да тврдиме кога сме меѓу првите 5-6 или 7 земји во светот по смртноста на 100.000 жители или на милион жители, кога немаме ниту една вакцина за населението, да тврдиме дека успешно ја менаџираме кризата, мислам дека не им правиме добра услуга и на оние кои што ги штитиме“, истакна Славевски.

Славески додаде дека мерките на власта не вродија со плод туку уште повеќе ја продлабочија кризата на здравствено и економско ниво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk