logo
logo
logo

Скопските кафичи полни со дрога, УАПСЕНИ СЕ 12 ЛИЦА

Vecer | 14.05.2022

Скопските кафичи полни со дрога, УАПСЕНИ СЕ 12 ЛИЦА

Во текот на изминатите два дена од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје.

Притоа, од слобода се лишени 12 лица, од кои 11 од Скопје и едно од Охрид, бидејќи кај нив е пронајдена дрога. Од нив, кај седум лица е пронајдена марихуана, кај четворица бела прашкаста материја, а кај едно и марихуана и кокаин.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk