logo
logo
logo

Скопјанец си направил лажна легитимација од МВР, па си ГЛУМЕЛ ПОЛИЦАЕЦ! Го фатиле „КОЛЕГИТЕ“

Vecer | 29.11.2022

Скопјанец си направил лажна легитимација од МВР, па си ГЛУМЕЛ ПОЛИЦАЕЦ! Го фатиле „КОЛЕГИТЕ“

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.К.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување" по член 391 од Кривичниот законик.

Имено, на 25 мај годинава пријавениот бил запрен од полициски службеници додека управувал патничко возило, а поради сторен сообраќаен прекршок. Притоа, тој лажно се претставил како полициски службеник и се легитимирал со лажна службена легитимација на МВР која сам ја изработил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk