Морало ли во Тетово да се гради модуларна Ковид болница или во ионака новиот објект можеле да се лекуваат болните од Ковид 19?
“Зошто се градеше модуларна во Тетово кога болницата има речиси цела празна зграда? Во неа има два ката, болнички оддел, коишто лесно може да се доопремат, ја имаат сета потребна инфраструктура за да може во неа да бидат сместени заболените од ковид 19.”
Ова стои во најавата за најновото издание на неделникот Фокус за текстот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Изградба на Ковид центар од лесно запалливи материјали во ситуација кога во тетовската болница имало слободни простории за иста намена може да биде скандал над скандалите во македонското здравство.
Засега обвинителството не се изјаснува за случајот во кој мора да биде опфатен и овој аспект на болницата во која живи изгореа 14 луѓе.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата