logo
logo
logo

Златна Југославија

Сиромашниот во Словенија ВО МАКЕДОНИЈА БИ БИЛ СРЕДНА КЛАСА!

Vecer | 14.05.2022

Сиромашниот во Словенија ВО МАКЕДОНИЈА БИ БИЛ СРЕДНА КЛАСА!

Во Македонија, Србија и Црна Гора, стапката на сиромаштија во однос на вкупното население се движи околу 21%, додека пониски стапки, очекувано, имаат Словенија и Хрватска. Во однос на стапката на сиромаштија кај невработените, таа е највисока во Македонија, но кај нас, пак има најниска стапка на сиромаштија кај пензионерите.

Но, причините за ова се во приходите со кои располагаат жителите во една земја, па износот што статистичарите го пресметуваат како праг на сиромаштија е различен од земја во земја, а во Македонија е убедливо најнизок. Така, со парите на сиромашниот Словенец, Македонецот би бил солидна средна класа.

Имено, во Словенија долниот праг на сиромаштија за едночлено семејство е 8.864 евра на годишно ниво (738 евра месечно) , за разлика кај нас, каде што е 1.800 евра годишно (150 евра месечно).

Ова е заклучокот до кој дојде порталот „Пари“ по претрагата низ податоците од државните заводи за статистика во околните земји, откако деновиве Државниот завод за статистика ги објави податоците за Македонија.

Овие статистички анализи не ја покажуваат апсолутната сиромаштија, туку ја покажуваат релативната – која покажува колку луѓе во својата земја неможат да се хранат како што треба, не можат да си дозволат соодветно образование, лекување…

Државниот завод за статистика на Македонија, како и статистичките институции од другите земји, пресметува колкав дел од населението живее во релативна сиромаштија. Притоа прагот на релативната сиромаштија се смета 60 отсто од таканаречениот еквивалентен медијален приход.

Медијален приход е токму оној кој се наоѓа на средината во низа од податоци за приходите на населението од најнизок кон највисок износ. Потоа, се утврдува еквивалентен медијален приход, во зависност од бројот на членовите и нивната возраст. Посебно се прикажува прагот на сиромаштија на самечко семејство и тој за 2020 година е 110.000 денари на годишно ниво, додека еквивалентниот медијален приход на четиричлено семјство со две деца е 221.210 денари.

Бидејќи во секоја земја има различни приходи, се добива и ралична медијална вредност, која е праг на сиромаштија.

Годишен приход, како праг на сиромаштија (во евра)

Државниот завод за статистика објави дека стапката на сиромаштија во Македонија е 21,8 проценти, односно дека под прагот на сиромаштија живеат 451.900 жители. Притоа, стапката на сиромаштија кај децата до 18 години е најголема и изнесува 30,2% проценти, кај оние на возраст од 18 до 64 години е 21,7%, а над 65 години е 13,1 процент.

Разочарувачки е што многу голем дел од оние кои се вработени, влегуваат во категоријата сиромашни. Во тааа група, во 2020 година биле 7,9 од вработените граѓани. Има и сиромашни пензионери, а нивнот процент бил 7 проценти. Податоците покажуваат дека во поголема сиромаштија живеат вработените мажи, односно таму 10,2 проценти од вработерните мажи биле сиромашни, наспроти 4,5 отсто од жените. Иста е состојбата и кај пензионерите – 10,3 отсто од пензионераните мажи немат доволно приходи, а 2 отсто од пензионерките се сиромашни.

Еве како е во регионот:

Токму во утврдениот праг на сиромаштија се крие зајакот зошто во Македонија, во однос на сите земји во регионот, има најмногу сиромашни вработени, а најмалку сиромашни пензионери.

Македонија е земја која се уште е на опашката по висина на просечни плати во регионот. Од друга страна, големиот процент на оние со пониски примања од просечните доведува до низок медијален доход, и низок праг на сиромаштија пресметан како 60 отсто од медијалниот доход. За разлика од значајните разлики во износите што се утврдени како праг на сиромаштијата во Македонија, Србија и Црна Гора, меѓу овие земји нема такви драматилни разлики во просечните пензии. Така, на поголем дел од пензионерите од регионот, нивниот праг за сиромаштија им е понедостижен отколку кај нас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk