logo
logo
logo

Син на експремиер од СДСМ ГО ЗАТВОРИ ПРОТЕСТО ЗА КОЧАНИ, БАРАЈЌИ ПРОМЕНА НА СИСТЕМОТ?

Vecer | 25.03.2025

Син на експремиер од СДСМ ГО ЗАТВОРИ ПРОТЕСТО ЗА КОЧАНИ, БАРАЈЌИ ПРОМЕНА НА СИСТЕМОТ?

Синот на експремиерот Владо Бучковски го затворил вечерашниот протест за Кочани што се случи на плоштадот Македонија. Според видео од настанот синот на Владо Бучковски преку мегафон означил крај на вечерашниот протест кој во Скопје собра неколку илјади граѓани, пренесе Експрес.

Појавата на Бучковски на протестот директно го урива наративот на иницијативата која наводно се бори за промена на системот.

Токму таткото Бучковски е човекот кој како висок функционер на СДСМ, до неодамна специјален пратеник на Заев и Ковачевски за спорот со Бугарија, го создавал системот кој неговиот син сега сака да го смени – пишува Експрес.

Бучковски беше портпарол, министер за одбрана и лидер на СДСМ како и премиер на Македонија до 2006 година по што беше суден за криминал со тенковски делови и осуден но поради застареност никогаш не отиде во затвор.

Синот на Бучковски до Кочани не бил експониран во политиката но сега по големата трагедија активно се појавува на политиката и граѓанската мапа на Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk