Многу држави имале наметната имиња во колонијализмот и никој не им се извинува, но си ги вратија. Уставот го носат и го менуваат граѓаните. Секоја генерација има право на свој устав, коментира професорката Гордана Силјановска-Давкова во емисијата „Само интервју“ за новото уставно име
Таа бара да се престане со лажните тези дека меѓународните договори се над Уставот, туку дека тие се само над законите.
- Јас лично нема да го употребувам. Не го поткопувам договорот, така како што е во институциите, јас не сум талибанка и вандалка ќе го почитувам тоа секаде. Кога нешто ќе биде бесправно или против правно никнато не може да биде конечно, вели Силјановска-Давкова.
Професорката не стравува дека ќе биде ставена на црната листа на САД.
- Црна листа на криминал и корупција разбирам, ама црна листа за слобода на мислење и слободно изразување и право на самоопределување ќе биде малку проблематично, додава таа.