logo
logo
logo

Сијарто: Бугарија да дозволи преговори на Македонија со ЕУ, проблемот може да се решава паралелно

Vecer | 23.06.2021

Сијарто: Бугарија да дозволи преговори на Македонија со ЕУ, проблемот може да се решава паралелно

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за време на посетата на Македонија во Штип изјави дека тоа што го бараат е Бугарија да дозволи преговори на ЕУ со Македонија, а проблемите да се решаваат паралелно.

- Го почитуваме ставот на Софија дека прашањата кои тие сега ги наметнуваат се важни за нив. Нашето барање е да дадат доволно време да се најде решение за прашањето со Скопје и паралелно со тоа да започнеме преговори за зачленување во ЕУ. Овие две работи да течат паралелно, изјави Сијарто

Тој на новинарско прашање кои земји застанаа во одбрана на С Македонија вчера во Луксембург и дали навистина имало тензични рапсрави, потврди дека атмосферата била тензична, но оти не би сакал да потпалува поголеми огнови од она што е неопходно.

– Едно е сигурно дека навистина атмосферата била многу напната на состанокот на Советот вчера, бидејќи државите кои се залагаат за проширувањето, како Унгарија, почувствувавме доста голема фрустрација, затоа што секогаш ќе се појави некое плус прашање, некоја работа заради која не може да се започнат преговорите со Северна Македонија. Со години водевме преговори со Грција и кога тоа се случи, се заврши, кога помисливме дека е готово, тогаш се појавија Бугарите, рече тој.

Сијарто посочи дека тие од Бугарија бараат како искрени пријатели со голема почит само една единствена работа.

- Ние го почитуваме нивниот став дека прашањата кои тие сега ги наметнуваат се важни за нив. Нашето барање е да дадат доволно време да се најде решение и паралелно со тоа да започнеме преговори за зачленување во ЕУ. Овие две работи да течат паралелно, изјави Сијарто во Штип каде заедно со шефот на дипломатијата Бујар Османи учествуваа на македонско-унгарски бизнис форум.

Сијарто потенцираше дека државите од централна Европа се многу приврзани на идејата за проширувањето на ЕУ. Како потврда за тоа најави дека министерот Османи наредната седмица оди во посета на Полска, каде заедно со претставниците на државите од Вишеградска група, вели, „ќе се обидеме да направиме притисок да се реши проблемот со Бугарија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk