logo
logo
logo

Што ќе се разговара на првата македонско-бугарска владина седница?

Vecer | 20.01.2022

Што ќе се разговара на првата македонско-бугарска владина седница?

Владина делегација во вторник заминува за Софија. Македонскиот и бугарскиот премиер ќе ја предводат првата меѓувладина седница која треба да внесе нова динамика во односите помеѓу двете земји. Петков најавува формирање на 4 работни групи кои во следните 6 месеци треба да зајакнат соработката во повеќе сектори. Најавите за зајакнување на соработката и позитивните сигнали кои пристигнуваат по посетата на Петков на Скопје, ги поздравува и бугарскиот шеф на државата. Радев сепак потенцира дека покрај економијата, инфраструктурата и образованието, не треба да се заборават клучните прашања кои стојат на европскиот пат на Македонија. Како неодржливи Радев ги оценува македонските барања за реципроцитет за македонското малцинство во Бугарија. Да не заборавиме дека нашите уставни системи се радикално различни – бугарскиот Устав предвидува заштита на индивидуалните права, додека македонскиот устав се заснова на заштита на колективните права на делови од народите, така што тоа воопшто не може да се случи, вели Радев. Формирањето на работни групи на го променува ставот на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ вели дека нема да биде дел од нив, бидејќи не сака да даде легитимитет на лошите политики на Владата. Како еден од првите чекори министерот за надворешни работи најавува назначување на македонски амбсадор во Софија. Во интервју за бугарската БТВ Османи вели дека следните денови ќе се даде предлог за оваа позиција. Македонската амбасада во Софија е празна речиси две години, откако му заврши мандатот на Марјан Ѓорчев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk