logo
logo
logo

Штипјанец ПОЧИНА НА ПАТ ДО КЛИНИКА, се повредил извршувајќи работни задачи

Vecer | 03.07.2021

Штипјанец ПОЧИНА НА ПАТ ДО КЛИНИКА, се повредил извршувајќи работни задачи

Штипјанец починал на пат до Клиника, откако претходно се повредил извршувајќи работни задачи.

МВР соопшти дека на 02.07.2021 во СВР Штип е пријавено дека околу 10:00 часот на пристапен пат во близина на асфалтната база на место викано „Ежово Брдо“, се повредил при извршување на работни задачи Г.М.(50) од Штип, додека управувал товарно возило „мерцедес бенз“, со штипски регистарски ознаки.

Тој бил пренесен во Клинички центар Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а потоа транспортиран кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, при што починал при транспортот.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk