logo
logo
logo

Шолц: ПРЕГОВОРИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ПОЧНАТ

Vecer | 11.06.2022

Шолц: ПРЕГОВОРИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ПОЧНАТ

Западен Балкан за Германија е од стратешко значење и јас се залагам за неговиот прием во Европската Унија. Германија е сериозна со евроинтеграцијата на државите од регионот, а ова особено важи за Македонија. ЕУ кон  Македонија има дадено ветување, а земјата ги исполни сите предуслови за почеток на пристапните преговори, рече германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата во Скопје.

Германскиот канцелар нагласи дека е воодушевен од политичката сила која, како што кажа, овозможи да дојде до договор со Грција. Затоа, како што рече, остатокот од задачата треба исто да ни успее и тоа е нешто за што граѓаните од Македонија и Владата работеа многу. Сега, нагласи Шолц, треба да ги вложиме сите наши напори.

Македонија, според него, ги исполни сите предуслови и нагласи оти лично ќе се заложи да се случи следниот чекор.

– Пристапните преговори треба да започнат и јас ќе се заложам за тоа. Ја охрабрувам Северна Македонија да продолжи ангажирано по патот на реформите, рече Шолц.

Билатералните односи меѓу двете земји, како што оцени, не се само политички, туку и економски, разновидни и блиски. Тоа, како што кажа, е плус причина зошто Германија ја поддржува  Македонија на својот пат на ЕУ.

Премиерот Ковачевски потенцира оти ова е втора посета на еден германски канцелар, што, според него, сведочи за исклучително добрите односи меѓу двете земји.

– Поддршката што ја добиваме од Сојузна Република Германија е силна, постојана и недвосмислена. Таа поддршка за нас е огромно охрабрување за нашите аспирации да изградиме просперитетно општество кое се темели врз европски вредности како рамноправен партнер на Сојузна Република Германија и другите земји членки на ЕУ.

Посетата на Шолц, токму во пресрет на Самитот на ЕУ, според Ковачевски, е силен знак на поддршка на исполнетите критериуми на Северна Македонија. – Заедничките цели се нашата земја да е членка на ЕУ, рече Ковачевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk