logo
logo
logo

„ДА ИМ ДАДЕМЕ МОЌ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ ТЕХНОЛОГИЈА И ОБРАЗОВАНИЕ“ Сопругата на премиерот Мицкоски на глобалниот самит во организација на Меланија Трамп

Vecer | 26.03.2026

„ДА ИМ ДАДЕМЕ МОЌ НА ДЕЦАТА ПРЕКУ ТЕХНОЛОГИЈА И ОБРАЗОВАНИЕ“ Сопругата на премиерот Мицкоски на глобалниот самит во организација на Меланија Трамп

Сопругата на претседателот на Влада, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска го продолжи своето учество на глобалниот самит во Белата куќа, во организација на правата дама на Соединетите Американски Држави (САД), Меланија Трамп, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието.

Овој настан во рамките на иницијативата „Fostering the Future Together“, претставува историски самит, како најголемо меѓународно собрание организирано од прва дама на САД, на кој учествуваа претставници од рекордни 45 земји и водечки технолошки компании.

Во рамките на самитот, сопругата на премиерот, Рози Мицкоска оствари краток разговор и размени мислења со првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп како и со првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Настанот беше насочен кон унапредување на образованието, дигиталната писменост и употребата на технологија и вештачка интелигенција за поддршка на децата ширум светот.

„Денес ми е посебна чест денес да примам толку импресивна група лидери. Четириесет и петмина од вас патуваа од секој агол на планетата за да ја претставуваат својата нација како дел од оваа нова коалиција. Заедно ја негуваме иднината. Нашата мисија, да им дадеме моќ на децата преку технологијата и образованието, е остварлива“, истакна во своето обраќање првата дама на САД.

Централен момент беше претставувањето на американски изработен хуманоиден робот, кој јавно се обрати и комуницираше со присутните, покажувајќи ги можностите на напредната роботика и вештачката интелигенција.

Овој дел од програмата беше замислен како симбол на технолошкиот напредок и улогата на САД во развојот на иновации.

Настанот во Белата куќа послужи како платформа за меѓународно поврзување, размена на идеи и демонстрација на технолошки достигнувања, со акцент на иднината и глобалната соработка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk