logo
logo
logo

Шилегов пак фатен: ПЛАТИЛ ДУПЛА ЦЕНА ВО БУДИМПЕШТА

Vecer | 03.05.2021

Шилегов пак фатен: ПЛАТИЛ ДУПЛА ЦЕНА ВО БУДИМПЕШТА

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно го фати градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во корупција, па наведе и пример како доказ:

“Зошто му требаа сите овие истурени тешки зборови на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов врз мене? Затоа што е фатен 100:0 со рацете во медот. На страна емотивните излети на Шилегов, ајде малку за фактите.

Зошто невешто се обидува да ја манипулира македонската јавност и скопјани? …, хммм . Знам, еве зошто, на пример моето европско Скопје, сакав како европски Загреб да купи од истиот производител скала со иста должина, обесена на иста каросерија како на пример во европскиот Загреб (слика 1, 2 и 3). Се прашувате која е разликата?

Паааа вака, покрај тоа што Загреб е речиси двојно поголем од Скопје, градот убав наш со Шилегов ја платил нашата првпожарна скала за двојно повеќе од Загреб. Се извинувам ние скопјани ја плативме, истото возило, а некој друг одлучи за поскапа нарачка.

Ама очигледно имаме се, но криза немаме, па така градската администрација во Загреб ја платила противпожарната скала со целосна дополнителна опрема за помалку од 800.000 € (https://ted.europa.eu/udl… )но ние затоа ќе платиме повеќе од двојно, дури 1.700.000€.

Ќе биде градот убав, нашето Скопје европско, ама прво ќе го ослободиме од нашиот сегашен и уште за кратко градоначалник Петре Шилегов, а потоа ќе го направиме вистинска европска метропола.

Крајот Ви се ближи, криминалците ќе одговараат за секоја кражба и секое расфрлање со народни пари“ напиша Мицкоски на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk