logo
logo
logo

Шилегов ќе ја реконструираше Универзална сала, ама беше зафатен со кревање два ката на зградата дивоградба и хациендата во Маврово

Vecer | 14.10.2021

Шилегов ќе ја реконструираше Универзална сала, ама беше зафатен со кревање два ката на зградата дивоградба и хациендата во Маврово

Шилегов ќе ја реконструираше Универзална сала, ама беше зафатен со кревање два ката на зградата дивоградба и хациендата во Маврово, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов.

- Универзална сала можеби и ќе беше завршена да не требаше да се платат 1.7 милиони евра за противпожарната скала, каква што во Загреб е платена за 900.000 евра. Универзална сала сигурно ќе беше завршена и Шилегов ќе ја направеше, ама мораше да распише местен тендер од 300.000 евра за да ги покрие градежните зафати на Варшавска каде плаќал и до 8 пати повеќе од претходно. Шилегов можеби и ќе ја направеше Универзална, ама цел мандат се мисли како да ги пробие тунелите под Кале. Универзална можеби ќе беше направена, но Шилегов имаше други приоритети, се вели уште во партиската реакција. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk