Точно една година на едно телевизиско соочување му порачав на Петре да се обединиме, и леви и десни, и власт и опозиција, околу прашањето за фудбалскиот клуб „Вардар“, рече на прес-конференција Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-За жал, тој тогаш таа понуда ја одби, и во овој момент фудбалскиот клуб „Вардар“ е во втората македонска лига. Што се случуваше од мај 2020-та до денеска?
Најпрвин, „Вардар“ навлезе во финансиска криза, не му беше дадена лиценца за настап на европските натпреварувања.
Потоа се случи егзодусот на сите фудбалери кои што беа поискусни од клубот, во клубот останаа оние кои што се најверни и се разбира најмладите. Потоа започна првенството, и за жал, „Вардар“ со слабите резултати не успеа да се избори да остане во првата лига.
Испаѓањето од еден во друг ранг не е ништо страшно во спортот, тоа е нешто нормално. Она кое што е страшно е игнорантскиот однос на сите институции, Петре Шилегов и Градот Скопје кон фудбалскиот клуб „Вардар“ кој што претставува симбол не само на градот Скопје, туку и на Република Македонија.
Петре Шилегов можеше во изминатава година да најде начин наместо да се занимава со некои т.н. бугарски инвеститори, катарски спонзори итн. да најде вистинско решение за фудбалскиот клуб „Вардар“ бидејќи тоа беше тука. Но, за жал немаше желба.
Она кое што треба Петре Шилегов да го направи во наредниот период е да побара од сопственикот на клубот, најпрвин да се обврзе да ги подмири сите долгови кои што се настанати до овој датум заклучно со 31.12.2021 година. Потоа да побара од сопственикот да ги даде на располагање и на користење овој комплекс позади мене и комплексот за првата екипа во Гази Баба на фудбалскиот клуб „Вардар“.
И подоцна Град Скопје да си го преземе тековното финансирање на нашиот ценет и сакан „Вардар“. Се надевам дека конечно ќе го тргне егото и својата суета на страна Петре и ќе најде решение како да седне на маса со сопствениците. Доколку не го направи тоа, скопјани единствено кое што ќе имаат можност е во октомври најпрвин да го казнат Петре Шилегов, а подоцна да очекуваат подобри времиња за симболот на градот Скопје.
Времиња каде што повторно ќе се радуваме на шампионските титули на „Вардар“, повторно на Градски стадион позади мене ќе доаѓаме во голем број да го бодриме „Вардар“ на фудбалските натпреварувања итн, истакна Нелоски.
И драги пријатели, не заборавајте, „Еден живот, една љубов“, порача Нелоски.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=inJr4osWIMw[/embed]
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата