logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ:

Шилегов е очаен и патетичен, свесен е дека ќе доживее дебакл и ќе изгуби

Vecer | 21.10.2021

Шилегов е очаен и патетичен, свесен е дека ќе доживее дебакл и ќе изгуби

Шилегов изгледа очајно и патетично, нека не ги моли граѓаните затоа што нема да му се прости неработењето и ароганцијата која сега се обидува да ја потиснува.

По неколку години навреди кон граѓаните, невидена ароганција и тотална неспособност во работењето, Петре Шилегов се обидува да глуми. Но неговиот настап на телевизиските екрани изгледа очајно и патетично, нема веќе што да им понуди на разочараните граѓани, а свесен е дека ќе изгуби.

Шилегов губи со 8000 гласови, тоа се 8000 причини зошто нема да биде повеќе градоначалник. А има и зошто, Шилегов ќе остане запаметен како најбогатиот градоначалник во Европа, со тоа што од една чиновничка плата успеа да го зголеми неговиот имот неколку кратно во  рекордни четири години.

Шилегов кој сега моли за гласови, небаре е за греота фактот што поседува четири стана, две куќи, злато и уметнички слики вредни неколку стотици илјади евра. Петре успеа да изгради цела хациенда во Маврово и додека скопјани пливаа во дожд со години тој си одмораше на викенди.

Скопјани нема да му заборават дека гради зграда од 306 квадрати во Тафталиџе со лифт, од парите на граѓаните.

Шилегов да не се брука во јавност и во очај да моли за гласови затоа што скопјани веќе му пресудија.

Шилегов никогаш не бил најдоброто за Скопје, на 31-ви ќе стигне казната за неспособноста, неработењето и прекумерното богатење., се вели во Соопштение до јавноста на ВМРО ДПМНЕ како реакција на интервјуто на Петре Шилегов во Канал 5 телевизија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk