logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Шилегов 2 милиони евра даде за противпожарна скала, а не може да изгасне опожарена трева“

Vecer | 03.08.2021

„Шилегов 2 милиони евра даде за противпожарна скала, а не може да изгасне опожарена трева“

Вечерва Скопје гори, додека Шилегов покажува еклатантна неспособност.  Речиси 2 милиони евра вложи во набавка на противпожарна скала, а не може да изгасне опожарена трева, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје во соопштение до јавноста.

- Толку е непособен што водењето на градот го претвори во гол популизам, а кога има проблеми никаде го нема. Неспособноста ја надополнува криминогеноста, потенцираат тие.

Во соопштението се додава дека власта на СДСМ станува елементарна непогода.

- Апелираме на трезвеност на граѓаните и на зголемена претпазливост. Власта не е во состојба да помогне на граѓаните, велат од советничката група.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk