logo
logo
logo

Северна Македонија во Брисел го започна процесот на објаснувачки скрининг

Vecer | 19.07.2022

Северна Македонија во Брисел го започна процесот на објаснувачки скрининг

Согласно денешната агенда на владината делегација попладнето во Брисел започнува состанокот за отпочнување со скрининг процесот.

На овој состанокот за скрининг воведно обраќање и образложување на позициите на државата ќе има заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, а ќе говори и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што соопштија од владината прес-служба, скринингот ќе се состои од две под-фази односно процеси. Едниот од процесите е објаснувачки скрининг на кој Европската Комисија ќе направи ажурирање на релевантното право на ЕУ со оглед на тоа што се поминати неколку години од одржувањето на првичните објаснувачките состаноци, а истовремено, се подвлекува, ќе тече и уште еден со процесот на билатерален скрининг.

Преку билатералниот процес земјата ќе треба да го презентира степенот на усогласеност со правото на ЕУ и плановите за понатамошно усогласување, градење на институционалните и административните капацитети, како и потребните човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди.

– Овие процеси ќе се спроведуваат во период кој би траел најмалку една година и согласно новата Методологија на ниво на кластери. Календарот за спроведување на скринингот ќе се дефинира во соработка со Европската Комисија, се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.

Фото: МФА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk