logo
logo
logo

СЕПАК ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОСТАНУВА: Комисијата побарала да останат актуелните мерки

Vecer | 17.05.2021

СЕПАК ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ОСТАНУВА: Комисијата побарала да останат актуелните мерки

Иако проструи вест за можно укинување на полицискиот час од среда, сепак тоа нема да се случи.

Комисијата за заразни болести на состанокот кој го одржа утринава, донесе предлог да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

Забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23:30 часот.

Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk