logo
logo
logo

Семејство од Куманово ЕДЕН МЕСЕЦ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ МАЈКА И ЌЕРКА

Vecer | 28.09.2022

Семејство од Куманово ЕДЕН МЕСЕЦ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ МАЈКА И ЌЕРКА

Семејството, роднините и пријателите речиси еден месец ги бараат исчезнатите мајка и ќерка од кумановската населба „Бавчи”. Денеска до медиумите се обрати и советникот Самет Салиевски кој побара каква било информација од граѓаните за 32- годишната Сабина Сабединовска и нејзината седумгодишна ќерка, Елиф. Тој ги повика граѓаните доколку имаат каква било информација да се јават на 071/ 329-068 или во најблиската полициска станица.

Секторот за внатрешни работи Куманово информираше дека на 9 септември годинава во 14:30 часот во СВР Куманово И.Н.(59) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата внука С.С.(32), која со себе ја повела и нејзината малолетна ќерка. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Дежурниот обвинител од Куманово усно е информиран за настанот, велат од Основно јавно обвинителство Куманово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk