Секој независен кандидат од СДСМ ќе биде исклучен од партијата, вели премиерот Зоран Заев.
Тој потврди дека освен за кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски и за секој кој собра потписи за независен кандидат за градоначалник, а е од СДСМ, ќе се примени исклучување од партијата.
„Секако, тоа не е дали Заев така одлучил или централниот одбор или највисокото раководство, статутот на СДСМ е таков, односно одлуките ги носат самите поединци дали е Максим дали е господинот Зоран Ногачевски од СДСМ, бил член на раководни структури на СДСМ и пошироко. Тие ја носат одлуката знаејќи каков е статутот на партијата. Ние немаме што друго да додадеме. Обврска е само на првиот Централен одбор да ги констатираме одлуките кои тие ги донеле и дефинитивно така е опишана демократската процедура кај нас а тие тоа го знаат“, рече Заев.
Димитриевски беше разочаран од оваа одлука и кажа дека по убеднување останува социјалдемократ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата