logo
logo
logo

Седуммина скопјани си се шетале во полициски час - СЕГА ЌЕ СИ ПЛАТАТ!

Vecer | 08.06.2021

Седуммина скопјани си се шетале во полициски час - СЕГА ЌЕ СИ ПЛАТАТ!

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно седум лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите, во различни кривично-правни настани не го почитувале полицискиот час, па за време на забраната определена со прописите за спречување на ширењето на заразна болест се движеле на различни локации во градот, соопштија денеска од ОЈО.

Надлежните јавни обвинители за сите обвинети предложија парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk