logo
logo
logo

Видео

Седат Пекер открива дека се знае со Заев и му бил на гости!

Vecer | 10.05.2021

Седат Пекер открива дека се знае со Заев и му бил на гости!

Турскиот криминалец Седат Пекер кој по објавување на аферата „Мафија“ беше посочен како еден од многуте кој добил македонски пасош со лажен идентитет, вели дека го познава премиерот Зоран Заев и дека бил кај него дома.

- Го познавам македонскиот лидер, сум бил дома кај премиерот, открива Седат Пекер во видео од 9 мај на кое зборува за убиство во Турција. Пекер отворено признава дека не само што го знае, туку со Зоран Заев е доволно пријател за да може да го посети и во неговиот дом.

Најпознатиот турски мафијаш е еден од лицата кои добиле македонски пасош со лажен идентитет во аферата „Мафија“ (акција „Двојник). Откако изби аферата, се појавија голем број на видеа и фотографии кои докажуваат дека Пекер не само што имал македонски документи, туку во Македонија се чуствувал навистина како дома.

Пекар редовно се среќавал со членови на СДСМ, кандидати за пратеници, градоначалници, а заштита имал и од полицијата. Заев пред само месец дена кажа дека бил запознаен со сите овие средби кои ги имал Пекер, но сокри дека и самиот тој е меѓу високите функционери со кои мафијашот се дружел.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=uH9MegGaJQw[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk