logo
logo
logo

Пресметка со спортскиот криминал

Сите се на број! ПАДНА И ПОСЛЕДНИОТ БЕГАЛЕЦ ЗА МИЛИОНСКИОТ ГРАБЕЖ во ФФМ

Vecer | 22.06.2026

Сите се на број! ПАДНА И ПОСЛЕДНИОТ БЕГАЛЕЦ ЗА МИЛИОНСКИОТ ГРАБЕЖ во ФФМ

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска информира дека се обезбедени сите пет лица кои им беа недостапни на органите на прогонот во врска предметот за проневера од речиси три милиони евра за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На еден од осомничените, како што соопштија вчера од ОЈО ГОКК, судија на претходна постапка му одреди мерка притвор, а другиот доби мерки за обезбедување.

Од Обвинителството денеска соопштија дека на другите двајца осомничени им се одредени мерки на претпазливост, а на последниот му е одредена мерка куќен притвор.

„Денеска се определени мерки на претпазливост за двајца осомничени и 1 куќен притвор. Сите осомничени се обезбедени, никој не ни недостасува“, соопштија денеска од ОЈО ГОКК.

Минатата недела Основниот кривичен суд Скопје им одреди 30-дневен притвор на три лица, меѓу кои и на поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, петмина добија куќен притвор, а четворица мерки на претпазливост во рамки на истрагата на ОЈО ГОКК за финансиски манипулации и криминал во ФФМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk