logo
logo
logo

СЕ УШТЕ НЕМА ПЛАТА за здравствените работници, ниту се знае кога ќе добијат

Vecer | 15.02.2023

СЕ УШТЕ НЕМА ПЛАТА за здравствените работници, ниту се знае кога ќе добијат

Сајтот на ФЗОМ е блокиран скоро 10 дена и се уште не се знае кога ќе проработи, но оттаму велат дека функционалноста на системите постепено ќе се враќа и дека нема одлевање на податоци од базата.

Во меѓувреме здравствените работници се уште немаат земено плата за јануари, а не се ни знае кога ќе земат. Најчесто земаат плата околу 10 во месецот, а законскиот рок за исплата за плата истекува утре. После тоа се плаќаат камати.

Здравствените работници од скопскиот Клинички центар со кои разговарале од СДК велат дека никој ништо не знае за платата, ниту некој им кажува дали има врска со минатонеделниот хакерски напад во Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), или пак е нешто друго во прашање.

Од Министерството за здравство ни рекоа дека исплатата на платите на здравствените работници вработени во  јавноздравствените установи е во надлежност и се врши од буџетот на самите јавни здравствени установи во соработка со ФЗОM.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk