logo
logo
logo

Се удриле две возила - НАСТРАДАЛ ПЕШАК кој се нашол во близина

Vecer | 02.10.2022

Се удриле две возила - НАСТРАДАЛ ПЕШАК кој се нашол во близина

Во текот на вчерашниот ден во центарот на Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале две возила, а подебелиот крај го извлекол пешак кој се нашол во близина.

- Во 15 часот пријавено е дека во Скопје на паркинг пред маркет на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „БМВ“ со дипломатски регистарски ознаки, управувано од И.И.(50) од Украина, патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од  Б.Ѓ.(35) од Скопје и пешакот Д.А.(63) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобила Д.А. констатирани од лекар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk