logo
logo
logo

Димовски: Во Македонија се случуваат УБИСТВА И МАФИЈАШКИ ПРЕСМЕТКИ како во раните 90-ти

Vecer | 13.05.2021

Димовски: Во Македонија се случуваат УБИСТВА И МАФИЈАШКИ ПРЕСМЕТКИ како во раните 90-ти

Во Република Македонија ни се случуваат улични убиства и пресметки како во раните 90-ти години, што во меѓувреме тоа го немаше. Ни се случуваат секојдневни палења на возила на бизнисмени, се случуваат состојби каде лица од МВР се вклучени во последните скандали со дрога, пасоши. Секои два месеци имаме мафијашки пресметки на улиците во Скопје, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, во „Само вистина“ на Канал 5.

Димовски потенцира дека покрај тоа во државата владее висока корупција како никогаш досега, додека процесите кои власта се фали дека ги спроведува всушност се само заташкување бидејќи дел од лицата добиваат смешни казни, дел ги нема, како што ги нема ни насловите за злосторничко здружување.

- Според меѓународните скалила Македонија е дупло полоша во корупција сега  од претходно, односно од 62 место на 111 место.  Надзорот на државата над финансиските трансакции  постои многу години наназад, можноста да се испита потекло на имот постои и сега и се случува многу луѓе да поминат низ таа процедура како и претходно додека носење на таков закон е само пиар на власта да каже дека нешто прави.  Процесите кои сега ги власта ги води на лица од оваа власт се тие што едниот го нема, во Австралија е, за другите има условни казни, а во ниту еден предмет ги нема звучните наслови на злосторничко здружување или командна одговорност. Тоа сега е сведено на заташкување, рече Димовски.

Тој нагласи дека сето ова го користат тие земји  кои немаат интерес Македонија да оди во брз процес кон ЕУ сите овие предмети ќе ги користат, како што претходно видовме со ветото од Франција кое беше на тема реформи и  правосудство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk