logo
logo
logo

Се пријавил за 5 работни места како Македонец, Турчин, Ром, Албанец...

Vecer | 29.07.2022

Се пријавил за 5 работни места како Македонец, Турчин, Ром, Албанец...

Злоупотребите на балансерот за вработување по етничка припадност како да немаат крај. Досега во повеќе наврати јавноста дозна како граѓани се пријавуваат како друга етничка заедница, но можеби го имаме рекордерот. Искористил шанса да се пријави и како Македонец, но и како Ром и Албанец и Турчин. Се за вработување, искористувајќи ги дупките во системот.

На ист оглас се пријавил за пет работни места и како Ром и како Турчин и како Македонец. И покрај тоа што ова лесно било утврдено, Државната комисија за спречување на корупцијата морала да го вработи ова лице на местото советник за спречување на корупцијата. Како Ром, објави МКД.мк.

Ова лице на огласот за пополнување на неколку работни места на ДКСК, за советник за информатичка технологија се пријавил како Турчин, а победил кандидат Албанец.

Оваа очигледна  злоупотреба на уставно загарантираното право на етничка припадност како и на алатката за соодветна и правична застапеност на етничките заедници во администрацијата, го утврдиле одговорните лица на ДКСК и го пријавиле.

Но, Агенцијата за адимнистрација ги прифатила аргументите на кандидатот и им наложла на ДКСК да го изберат советникот, кој во молбата запишал дека е Ром.

Од ДКСК за овој случај со нивниот нов колега велат дека надлежните мора да најдат начин да се спречат злоупотребите или да се укине балансерот за соодветна застапеност на етничките заедници во јавниот сектор.  Тие велат дека овој случај веќе е пријавен во обвинителството.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk