logo
logo
logo

Милошоски

„Се покажа вистинското лице на власта“

Vecer | 27.06.2022

„Се покажа вистинското лице на власта“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски вечерва, по инцидентот во Собранието, во изјава за ТВ21 посочи дека се покажало вистинското лице на власта

„Комисијата за европски прашања може да се каже трагично, но сепак останува комисија на дивиот запад. Не заради членовите на комисијата, персонализирано е сметам поради претседателот на оваа комисија, пратеникот Арбр Адеми, кој што си дозволи, освен тоа што го кршеше деловникот и не даде процедурално на колегите пратеници да дадат предлози за Измена и дополна на дневниот ред, почна и со вербални вулгарности, со фрлање на тврди предмети, со насилство, со кршење на дел од инвентарот и благодарение на една или две совесни пратенички не стигна до поголем инцидент или поголема повреда“, вели Милошоски.

Тој посочува дека тоа што го барале е согласно Деловникот да се расправа да имаат една точка на дневен ред за заклучоците на ЕУ од Брисел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk