СДСМ се соочува со слободен пад на рејтингот, па затоа нарачуваат анкети од омилената агенција за мерење на јавното мислење, Стратум Рид. Патем истата оваа агенција пред локалните избори во 2021 година прогнозираше победа на СДС, но во реалноста им се случи катастрофален пораз, после кој целиот прв состав на партијата им поднесе оставка. Да потсетиме оваа агенција се наоѓаше и сред скандалот со доделување на грантови од страна на Фондот за иновации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Фирмата Стратум Рид, која во неколку наврати добива пари од скандалозните исплати на Фондот за иновации, по нарачка мести анкети за СДС, а нејзината управителка Весна Кузмановиќ е соработник со владите на СДС за што има и фотографии, додаваат тие.
Според нив СДСМ се очигледно нервозни и очајни од рејтингот кој го имаат, па пробуваат самите себеси да се лажат со нарачани анкети.
Впрочем на едно од прашањата за уставните измени збирот дава 104%, што покажува дека целата анкета е во нервоза пишувана. Но еве им нудиме можност, ако веќе толку веруваат дека се силни тогаш нека се охрабрат и нека излезат на избори, па да видат колкава доверба уживаат меѓу граѓаните. Изборите се најдобрата и најточната анкета, само уште фали Ковачевски и СДС да имаат храброст, стои во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата