logo
logo
logo

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат уплав од правдата, затоа шират лажни вести

Vecer | 16.02.2021

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат уплав од правдата, затоа шират лажни вести


ВМРО-ДПМНЕ е симбол на корупција и криминал, а Христијан Мицкоски е на браникот на тој криминал, обвини СДСМ.

Од партијата велат дека последен доказ за тоа е дека Мицкоски се ставил во заштита на неговиот соработник, пратеникот Антонио Милошоски по скандалот ,,Кражба”.

„ И Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат уплав од правдата и одговорноста пред законите. Затоа секојдневно шират лаги и неосновани напади кон вицепремиерот Љупчо Николовски и останатите министри кои се борат против криминалот и корупцијата.

Таквите очајни обиди нема да ги спасат од одговорност криминалците во белиот дворец, ниту ќе ја вратат државата назад во времето на режим и неказнивост.

Правда ќе има за сите и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ тоа не можат да го спречат“ порачаа од СДСМ.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk