logo
logo
logo

СДСМ: На Македонците им треба ЕУ, а не враќање назад

Vecer | 28.01.2023

СДСМ: На Македонците им треба ЕУ, а не враќање назад

„На граѓаните, вклучително и на Македонците им треба визијата за 2030 година, членство во ЕУ, подобар живот и добросостојба, еднакви со граѓаните на земјите членки на ЕУ а не враќање назад. СДСМ ја внесе земјата во НАТО, ги отвори преговорите со ЕУ, а Мицкоски зборува за војни, конфликти и се натпреварува со Левица во тоа кој е поголем противник на ЕУ“, реагира СДСМ. „Македонците и сите наши граѓани заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ. Тоа е нашата визија за европска иднина. СДСМ и претседателот Ковачевски работат на остварување на оваа национална и стратешка цел, за подобар животен стандард, економски силна и напредна држава, со рамноправни граѓани, рамо до рамо со сите народи од големото европско семејство“, се вели во партиското соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk