logo
logo
logo

СДСМ ќе предложи други кандидати за судии во Уставниот суд?!

Vecer | 10.06.2021

СДСМ ќе предложи други кандидати за судии во Уставниот суд?!

Власта добила и дискретни реакции од ЕУ делегацијата во Скопје, велат дипломатски извори за Вечер.мк, откако опозицијата им пиша на странските амбасадори во земјава дека има незаконитости за изборот на Цветанка Иванова и Васко Талевски за Уставни судии, предложени од владеачката СДСМ.

Истите извори наведуваат дека од СДСМ им потврдиле дека ќе рамислат за предлозите и можно е, да ја повлечат Цветанка Иванова како кандидат за уставен судија, но, засега, не и Васко Талевски.

Најмалку 33 пратеници се потпишаа на писмата кои опозицијата вчера ги испрати до амбасадите на САД, ЕУ, Франција, Германија, Велика Британија, ОБСЕ и на уште неколклу адреси во кои ги наведе незаконитостите за изборот на Цветанка Иванова и Васко Талевски за Уставни судии, предложени од владеачката СДСМ.

Во писмата, кои Вечер.мк ги ги објави, наведено е дека Цветанка Иванова и Васко Талевски немаат правосудно искуство, немаат стручни трудови и не се во категоријата истакнати правници за да бидат избрани за судии на Уставниот суд.

- Цветанка Иванова е позната како долгогодишен пратеник од редовите на СДСМ и државен службеник во општина Струмица кога градоначалник беше Зоран Заев, а и политички е именувана на функцијата генерален секретар на Собранието, предложена од Зоран Заев.

Иванова и Талевски се истакнати членови на СДСМ што е неспоиво со член 111 од Уставот.

Иванова доби јавна благодарница за нејзиниот ангажман од СДСМ, а Талевски беше член на извршиот одбор на СДСМ и јавно го ажурираше своето членство на 29 јануари 2021 година.

Ова јасно покажува дека двајцата кандидати немаат професионален капацитет, не се искакнати правници  за да бидат избраби за Уставни судии, а нивниот партиски ангажман е спротивен на Уставот.

Со евентуалниот избор на Иванова и Талевски, ќе се изврши партизација и девалвација на Уставниот суд.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период даде поддршка на реформите во правосудството со заедничлка цел поддржана од САД, ЕУ и ОБСЕ да се избираат лица со професионално искуство и лица кои дале научен придонес во праводуството, стои во дописот на опоцијата до повеќе сттрански амбасади, меѓу кои и до американската амбасадорка Кејт Брнз, европскиот амбасадор Дејдив Гир и други.

Ваквиот допис до странските амбасадори следуваше откако во комисијата за избори и именувања, завчера, пратениците од СДСМ надвор од Уставот и деловникот за работа на Собранието, насила се обидоа да ги протнат предлозите Цветанка Иванова и Васко Талевски да бидат предложени за уставни судии, што наиде на несогласување кај опозицијата.

Според сознанија на ВМРО-ДПМНЕ што ги објави пратеникот Антонио Милошоски, десетина правници доставиле биографии до Комисијата за избори и именувања за да бидат кандидати за уставни судии.

Тој рече дека меѓу нив има судии со долгогодишен стаж кои би биле многу посоодветен избор од поранешната пратеничка на СДСМ и актуелен генерален секретар на Собранието Цветанка Иванова и адвокатот Васко Талевски.

Го повика претседателот на Комисијата за избори и именувања Костадин Костадинов да ја објави листата на оние што испратиле биографии.

Костадинов вели дека има увид во тие дописи, ама посочува дека процедурата за избор на кандидати за уставни судии не предвидува конкурс и самокандидирање, туку номинирањето оди преку пратениците во Комисијата за избори и именувања.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави писма до неколку амбасади, вклучително до ЕУ, за неуставни номинации на Цветанка Иванова и Васко Талевски. Според Уставот, функцијата уставен судија е неспоива со членство во партија. Иванова е познато дека е член на СДСМ, а Талевски во јануари го ажурирал членството. Ако бидат избрани, ќе се прекрши членот 111 од Уставот и тоа би било ‘заевизација’ на Уставниот суд“, рече Милошоски.

Според Милошоски, Иванова не го исполнува критериумот на истакнат правник бидејќи дипломирала на Правниот факултет, но немала стручен труд ниту практично искуство.

Претседателот на Комисијата за избори и именувања вели дека во овој момент, практично, нема кандидати за уставни судии додека не се отвори точката на дневен ред.

Пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов, кој е претседател на Комисијата за избори и именувања, вели дека сè додека не се отвори точката на дневен ред за предлагање кандидати за уставни судии, практично, нема номинации за членови на Уставен суд.

„ВМРО-ДПМНЕ во овој момент пука во празно. Додека не се отвори таа точка, која е на дневен ред на Комисијата за избори и именувања, практично, нема кандидати за уставни судии. Откако ќе се отвори таа точка, членовите или нивните заменици во Комисијата, кои се од различни партии, може да предложат кандидати за уставни судии. Нелогична е хајката што ја води ВМРО-ДПМНЕ врз основа на шпекулации за можни кандидати за уставни судии. Ако е така, во јавноста има шпекулации дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложи за уставна судијка почитуваната колешка од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјаноска Давкова, што не значи дека таа е веќе кандидат за функцијата“, изјави Костадинов за 360 степени“ во однос на критиките од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за можните кандидати на мнозинството за уставни судии.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk