logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ

СДСМ да не се радува на штелувани анкети од Андреј Рајчев

Vecer | 23.07.2021

СДСМ да не се радува на штелувани анкети од Андреј Рајчев

СДСМ наместо да се радува на штелувани анкети од Андреј Рајчев, нека почне да се соочува со реалноста дека во октомври ги очекува страшен дебакл.

СДСМ како партија на власт речиси пет години, падна на тоа ниво да потплаќа за измислени анкети, само да го задоволи сопственото членство кое не верува во политиките на Заев.

Јасна е поврзаноста помеѓу Зоран Заев и Андреј Рајчев, инаку човекот кој е прв иницијатор и двигател на проектот за Бугарски универзитет во Скопје, но сепак граѓаните точно знаат кои луѓе се директно одговорни за мракот кој ја зафати Република Македонија изминатите пет години.

Кога еден Андреј Рајчев, Бугарин кој ги има најрадикалните ставови во однос на Република Македонија шурува со Зоран Заев, тогаш јасно е дека Заев е спремен да му овозможи се што не можат ниту бугарските политичари. Токму оттука произлегува и оваа штелувана анкета, која што не им западна во око ниту на најтврдокорните во СДСМ.

Зоран Заев иако на неколку пати велеше дека ќе ја поддржи Резолуцијата, сега гледаме зошто всушност не сака да се изгласа. Тој е директен противник и негатор на македонската нација и македонскиот јазик.

Граѓаните на Република Македонија точно знаат кои луѓе ја растураат и ништожат државата, а кои ќе ја застанат на нозе и ќе ја направат повторно достоинствена и горда држава.

Уште само три месеци, а потоа СДСМ и Зоран Заев ќе се соочат со болната вистина дека започнува нивниот пад.

На 17-ти октомври, анкетите ќе покажат нешто сосема поинакво, а тоа е победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Време е за Македонија за сите луѓе!, се вели во Соопштението на ВМРО ДПМНЕ, реакција на соопштението на СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk