СДС и Ковачевски ја доведоа Македонија до ќор-сокак затоа што без мандат прифатија и ветуваа нешто со кое не се согласува 80 % од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека затоа сега ако имаат доблест и храброст, треба да прифатат соочување со народот на избори и на тие избори јасно да се искристализираат чекорите и политиките на државата.

– Но, за жал, СДС и Ковачевски избраа да бидат приврзок во владата на ДУИ, наместо да им служат на граѓаните. Тие дури и формат и присуство на лидерска средба не можат да одлучат без согласност од Мала Речица. Ги охрабрува и СДС и Ковачевски да се случи таа тет-а-тет лидерска средба на која ќе се одлучи што после насилниот обид на власта за уставни измени, се вели во партиското соопштение.