logo
logo
logo

САШКА ЦВЕТКОВСКА И ИРЛ ФАТЕНИ ВО ЛАГА - Осудени за клевета!

Vecer | 24.02.2023

САШКА ЦВЕТКОВСКА И ИРЛ ФАТЕНИ ВО ЛАГА - Осудени за клевета!

Невладината организација Истражувачка репортерска лабораторија, ИРЛ – на која главен и одговорен уредник е Сашка Цветковска и официјално се виновни за сторена клевета против нашиот клиент правното лице „Б Инженеринг“, се вели во соопштението од адвокатка Бенита Белешкова.

- Основниот суд во Скопје донесе пресуда, која ја потврди Апелациониот суд со која ИРЛ, каде што главен и одговорен уредник е Сашка Цветковска се веќе осудени за сторена клевета. Со оваа правосилна пресуда е потврдено дека објавената емисија наречена „Оградена Иднина“ и направена од ИРЛ против П.В. е лажна, невистинита и содржи клеветнички материјали. Формално – ИРЛ, каде што главен и одговорен уредник е Сашка Цветковска се осудени дека клеветат.

Укажуваме дека новинарството е чесна и општествено значајна професија доколку се практикува во духот на вистината, секогаш информирање за две или повеќе засегнати страни. Од друга страна, укажуваме дека кога се злоупотребува новинарската професија и кога се шират невистини, станува збор за непрофесионалност која нанесува штета на граѓаните.

Пренесуваме делови од правосилна пресуда против ИРЛ за клевета:

„Се утврдува граѓанска одговорност за сторена клевета на првотужениот Здружение на граѓани – Истражувачка репортерска лабораторија ИРЛ, затоа што на ден 21.05.2020 преку електронскиот медиум на неговата веб страница објавува видео сторија „Оградена Иднина“ и направил клеветење на правното лице Б Инженеринг од Крива Паланка. Судот, исто така утврдил дека ИРЛ каде главен и одговорен уредник е Сашка Цветковска во нивните текстуални објави на ден 31.05.2020 година на нивната веб страница објавуваат изјава која содржи невистинити факти и претставува клевета во однос на правното лице „Б Инженеринг.“

Како адвокатска канцеларија секогаш и во секоја прилика ќе го поддржуваме професионалното новинарство, но очекуваме дека секогаш и во секоја прилика и судот на истиот начин ќе ги осудува сите клеветнички натписи против граѓани и правни лица“, вели Белешкова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk