logo
logo
logo

„ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП, ќе ставиме акцент на проширувањето на ЕУ“

Vecer | 18.03.2026

„ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП, ќе ставиме акцент на проширувањето на ЕУ“

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Европската народна партија во Брисел.

-„Добар ден од Брисел, ве поздравувам од името на ВМРО-ДПМНЕ, два дена сме овде во Брисел да ја одбележиме 50 годишнината од формирањето на Европската народна партија, најголемата политичка сила во демократска Европа, чиј што нераскинлив дел претставува и ВМРО-ДПМНЕ, најголемата политичка партија во Македонија“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека овие два дена покрај официјалната прослава ќе имаме и Самит на лидери, на претседатели на политички партии, кои се дел од семејството на Европската народна партија, ќе разговараме за економската перспектива на европскиот континент, се разбира ќе разговараме за глобалните предизвици, војната во Украина, војната во заливот, во Иран, но исто така ќе зборуваме и за зголемување на компетитивноста.

-Она коешто претставува наша цел и она кое претставува наш посебен интерес е разговорот околу проширувањето на самата Европска Унија, но и сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски.

Имено, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е со партиска делегација во чиј состав е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки и членот на Извршниот Комитет Стефан Андоновски.

Во следните два дена ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, на којшто се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk