logo
logo
logo

Санкционирани 70 возачи на територијата на Кочани

Vecer | 22.04.2024

Санкционирани 70 возачи на територијата на Кочани

Во текот на вчерашниот ден (21.04.2024) во периодот од 12.00 до 16.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Кочани, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 70 возачи, од кои 23 за возење без возачка дозвола, седум санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, осум мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)…

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk