logo
logo
logo

Санкционирани 205 возачи во Чаир, Сингелиќ и Сарај

Vecer | 08.12.2021

Санкционирани 205 возачи во Чаир, Сингелиќ и Сарај

Денеска (08.12.2021), во периодот од 06:00 до 16:00 часот, спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, и тоа во oпштина Чаир, населба Сингелиќ и општина Сарај, при што се санкционирани 205 возачи.

Во периодот од 06:00  до 09:00 часот во општина Чаир санкционирани се  вкупно 70 учесници во сообраќајот, од кои 12 управувале без возачка дозвола,  2 со измината важност на регистрација на возилото, 19 управување со брзина поголема од дозволеното…

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот во населба Сингелиќ санкционирани се вкупно 42 учесници, од кои 13 управувале возило без возачка дозвола, 4 со измината важност на регистрација на возилото…

Во времето од 12:00 до 16:00 часот во општина Сарај санкционирани се вкупно 93 учесници, од кои 17 управувале без возачка дозвола,  4 со измината важност на регистрација на возилото, 22 управувале возило со брзина поголема од дозволената…

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk