logo
logo
logo

Само еден од кичевските кандидати за градоначалник стави потпис на кодексот за ФЕР избори

Vecer | 25.09.2021

Само еден од кичевските кандидати за градоначалник стави потпис на кодексот за ФЕР избори

Иако за денеска беше закажано четворицата кандидати за градоначалник на Општина Кичево во Општинската изборна комисија да го потпишат Кодексот за фер и демократски избори, сепак тројца од нив не се појавија во ОИК Кичево а во нивно име Кодексот го потпишаа овластени лица од нивна страна.

На потпишувањето на Кодексот не беа присутни актуелниот градоначалник и кандидат на ДУИ, Фатмир Дехари, Александар Јовановски од ВМРО и коалицијата и Фатмир Лимани независен кандидат, единствено Кодексот го потпиша кандидатот за градоначалник од партијата“ Македонска ера трета“ Ѓорѓи Билески.

– И покрај тоа што четворицата кандидати за градоначалник на Општина Кичево уште во четвртокот беа известени дека денес во просториите на Општинската изборна комисија ќе треба да го потпишат Кодексот за фер и демократски избори, сепак од четворицата кандидати единствено во договорениот термин се појави кандидатот од“ Македонска ера трета“ Ѓорѓи Билески, а во нивно име Кодексот го потпишаа овластени лица-информира Валдет Селими, од Општинската изборна комисија, кој ги наведе причините зошто денес тројцата кандидати не се појавија на потпишувањето.

– Од последните контакти со тројцата кандидати за градоначалник потврдено е дека Фатмир Лимани се наоѓа работно во Швајцарија, Александар Јовановски имал обврски во главниот град, додека актуелниот градоначалник Фатмир Дехари бил во Тетово на состанок со партиското раководство, додаде Селими.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk