logo
logo
logo

Сакав да купам банка во Македонија, ама сега не купувам: Онишченко веќе не го интересира енергетскиот бизнис

Vecer | 25.11.2022

Сакав да купам банка во Македонија, ама сега не купувам: Онишченко веќе не го интересира енергетскиот бизнис

Украинскиот олигарх Олександр Онишченко имал намера да купи банка во Македонија. Тој за „Слободен печат“ вели дека бизнисот со гас не го интересира, но сега се двоуми дали воопшто да продолжи со отпочнатата постапка за регистрирање фирма, откако Владата одлучи да му го одземе државјанството кое го добил на 31 мај годинава. Никаков енергетски бизнис не ме интересира. Имав некои планови да купам банка во Македонија, ама нема да купам, ако вака одат работите и понатаму. Јас сега се занимавам само со финансиски бизнис, не се занимавам веќе со енергетскиот – изјави Олександр Онишченко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk