logo
logo
logo

„Сакаме преговори со ЕУ, а владата признава дека на дел од територијата, не функционира правната држава“

Vecer | 10.08.2023

„Сакаме преговори со ЕУ, а владата признава дека на дел од територијата, не функционира правната држава“

ЕВН влезе во Слупчане! Безмалку сите медиуми ја објавија долго очекуваната вест дека, конечно ЕВН влезе во  Слупчане, се разбира, како поинаку освен со политичка и полициска асистенција.С о Слупчанци се договориле, ЕВН непречено да работи на мрежата а тие отсега ќе си ја плаќаат потрошената електрична енергија .Како тоа ќе го прават, Али Ахмети би рекол,”како и до сега, пишува поранешниот претседател на Собранието и поранешен лидер на НСДП, Тито Петковски.

- Најважно од се’ е што државата воспостави суверенитет и врз овој дел од својата територија. Дали и трајно, ќе покаже времето, вели тој.

Петковски додава добро е што симнавме еден голем срам, и за државните институции и за Слупчанци ишто по често медиумски го третираме овој проблем, срамот ќе биде  уште поголем.

Прво, владата си дозволи проблемот да го третира како „однос меѓу приватна компанија и граѓаните како потрошувачи”, заборавајќи при тоа дека токму таа е надлежна да обезбеди услови за непречено функционирање на било која компанија на македонскиот пазар. И уште повеќе што станува збор за странска, австриска компанија, а Австрија е важна и влијателна членка на ЕУ, посочува тој.

Петковски вели дека се надева нашата влада не мисли дека проблемите на ЕВН на македонскиот пазар треба да ги решава австриската влада.

- Дистанцирањето на нашата влада од проблемот може да значи лоша препорака за потенцијални, нови странски инвестиции. Дополнително, со судни маки се обидуваме да ги почнеме преговорите со ЕУ за полноправно членство, а владата отворено признава дека на еден дел од државната територија, не функционира правната држава, рече тој.

Според него од друга страна пак, неказнетото анархично и спротивно на закон однесување на граѓаните од Слупчане, им дава за право и на други населени места да го следат нивниот пример.

- И конечно,доколку се точни информациите дека трошоците за раскошното осветлување на грандиозниот споменик на УЧК  во истото село никој не ги плаќа, некој ќе треба да сноси одговорнос, напиша Петковски на Фејсбук.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk