logo
logo
logo

„САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТА Е КЛУЧНА ЗА СИГУРЕН ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ“ – Божиновска за дигиталната трансформација и иднината на енергетиката

Vecer | 20.08.2026

„САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТА Е КЛУЧНА ЗА СИГУРЕН ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ“ – Божиновска за дигиталната трансформација и иднината на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со претставници на ИТ секторот од Министерството, денеска учествуваше на семинарот „Дигитализација на јавната администрација – размена на искуства, добри практики и можности за соработка со Чешката Република“, кој се одржа во Свечената сала на Владата. Настанот беше организиран од Министерството за дигитална трансформација, со фокус на размената на искуства и унапредувањето на дигиталните процеси во јавната администрација.

На семинарот беше истакнато значењето на дигиталната трансформација, современите ИТ решенија и сајбер-безбедноста за создавање поефикасни и поотпорни институции, како и за зајакнување на сигурноста на енергетскиот систем.

На семинарот, на кој беа разменети искуства меѓу македонските и чешките институции, беше истакнато значењето на дигиталната трансформација за создавање поуспешна, поефикасна и побезбедна јавна администрација, како и за унапредување на јавните услуги за граѓаните и бизнис-секторот. За Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, дигитализацијата има особено значење бидејќи современиот енергетски систем сè повеќе се потпира на дигитални технологии, автоматизирани системи, паметна инфраструктура и податоци во реално време. „

Енергетската безбедност денес не значи само сигурно производство и стабилно снабдување со енергија. Таа значи и сигурни дигитални системи. Колку повеќе ги дигитализираме енергетските мрежи и инфраструктурата, толку поважно станува нивното обезбедување од сајбер-закани. Затоа сајбер-безбедноста мора да биде интегрален дел од модернизацијата на енергетскиот сектор“, истакна министерката Божиновска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk