Гордана Силјаноска Давкова го поднесе првиот приговор до ДКСК за кршење на изборните правила.
Сега треба ДКСК да постапи според член 33 од Законот за спречување на корупцијата и во рок од еден ден по поднесувањето на приговорот (значи денес, сабота, 6.04.2024) да ја извести Академијата за судии и обвинители (АСЈО) за приговорот и да побара објаснување.
Потоа АСЈО е должна да се произнесе во рок од максимум три дена.
И на крајот, не покасно од пет дена (значи најкасно во вторник, 9-ти април) од поднесувањето на приговорот, ДКСК е должна да закаже јавна седница на која ќе постапи по приговорот.
ДКСК е должна одлуката по приговорот да ја донесе на јавна седница и истата е должна во рок од 24 часа (значи во среда, 10-ти април, да ја објави на својата веб страна), а во одлуката треба да се утврди дали постои прекршување на одредбите на изборниот законик.
Во случајот очигледно е грубо прекршување на членот 8а од тој законик и доколку има прекршување, тогаш ДКСК пред надлежните институции иницира постапка за утврдување на одговорноста на лицето, органот или институцијата што го прекршила изборниот законик.
Во член 33 од Законот за спречување на корупцијата е наведено дека во случај на сомневања за кршење на изборните правила, и организаторот на изборна кампања отвора постапка за утврдување на фактичка состојба.
Опозицијата веќе спомена неколку имиња кои се фаворити на власта за идни судии и обвинители со незаконито полагање на приемните тестови за време на распишани избори: 👇
Дали за Академијата за судии е поважен изборниот законик или можеби им е поважен <b>Мики Крстев </b>од <b>СДСМ</b>, заменик министерот за локална самоуправа, да полага испит со малверзации во време на распишани избори?!
Дали за директорката <b>Габер Дамјановска </b>е поважно владеењето на правото од желбата на внуката на <b>Рамиз Мерко, Ерканда Баута,</b> да стане обвинителка во струка со незаконито полагање на тест во изборен период?!
Дали<b> Александар Глигоров, син на Емил Глигоров,</b> претседател на судот во Струмица од СДСМ, со ваков писмен наместо електронски испит ќе има максимални 100 поени?
Дали <b>Дитмире Шеху</b>, член на ДИК од ДУИ, ќе има 100 поени на писмениот тест?
Може и <b>Фуркан Фета,</b> асистент на ДУИ во Собранието и близок пријател до раководството, ќе освои 100 поени на ваков тип на полагање.
Секако и <b>Дарко Герамитчиоски</b>, советник на СДСМ во Општина Прилеп, веројатно ќе има 100 поени на писмен тест прегледуван од човек, наместо електронски.
Овој случај кој го покренува професорката Силјаноска Давкова ќе биде тест за интегритетот на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата.