logo
logo
logo

Русковска: Олеснителна околност е што Мијалков САМ СЕ ПРИЈАВИ

Vecer | 23.02.2021

Русковска: Олеснителна околност е што Мијалков САМ СЕ ПРИЈАВИ

Обвинителката Вилма Русковска вечерва изјави дека ќе се размисли дали да се бара затворски притвор за Сашо Мијалков, но напомена дека олеснителна околност било што тој сам се пријавил.

Таа изјави дека Мијалков самиот испратил порака дека сака да се пријави, но само во ОЈО., а после нејзината консултација со јавниот обвинител  дали да се пријави во полиција, добила потврда дека може и во ОЈО.

- Мене колку што ми е познато од разговор со претседателот на Судот во претпладневните часови, самиот претседател замоли жалбата да биде повлечена, зашто решението до тогаш не беше спроведено. Да не се губи време и да се поднесе барање на мерка притвор. И Јовевски се согласил.  Ќе размислиме дали да побараме затвроски притвор.  Цел ден беше бурен, рече Русковска.

Додаде дека допрва ќе одлучуват но  сепак олеснителна околност е што сам се пријави.

- При разговор со неговиот адвокат констатиравме дека направил грешка што не се пријавил и не го примил решението, изјави вечерва Русковска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk