logo
logo
logo

Руската амбасада со реакција до Бујар Османи бидејќи не ги споменал сите жртви на гранатирање

Vecer | 18.01.2023

Руската амбасада со реакција до Бујар Османи бидејќи не ги споменал сите жртви на гранатирање

Руската амбасада во Скопје упати реакција до министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој како нов претседавач на ОБСЕ го одбра Киев за своја прва дестинација на посета. Русија смета дека претседавачот не ги споменал сите жртви на гранатирањето и му нагласија на министерот да се држи до мотото „Се работи за луѓето“ со кое го започна својот мандат. Претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи вчера во Украина шпекулираше за „жртви на руската агресија“, прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев. Но, кога пристигна во Киев, војниците на Зеленски ги гранатираа Доњецк и Макеевка (во ДНР): има мртви, ранети сѐ уште беа под урнатините. Бујар Османи досега не ги спомна жртвите од гранатирањето од страна на украинските сили, како и сите загинати и ранети од агресијата на киевскиот режим врз Донбас од 2014 година, чиј број изнесува илјадници. „Се работи за луѓето“, велите?“, реагира руската амбасада. Османи го осуди рускиот напад на станбена зграда во Днипро, каде што пред два дена загинаа повеќе од 40 лица и над 70 се ранети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk