logo
logo
logo

Русија протера македонски дипломат од Москва

Vecer | 10.06.2021

Русија протера македонски дипломат од Москва

Русија прогласи дипломат од македонската амбасада во Москва за „персона нон грата“, во знак на одговор поради протерувањето на рускиот дипломат од земјата.

„Вршителката на должноста амбасадорка на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска беше поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ беше врачена нота на Министерството, со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата”, се вели во соопштението од Руската амбасада објавено на Фејсбу, пренесе РИА новости.

Претдходно, минатиот месец, Македонија прогласи дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за „персона нон грата“. Одлуката за протерување на рускиот дипломат беше донесена откако на 14 мај, во просториите на Министерството за надворешни работи бил повикан амбасадорот на Руската Федерација, при што му била врачена нота со која се наложува дипломатот да ја напушти македонската територија во рок од седум дена. Како причина за протерување на дипломатот беа посочени активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk