Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити на прашање на ТВ21 за одлуката на ДУИ Талат Џафери да биде технички премиер во последните 100 дена од Владата, рече дека работата е како трошна куќа со нова фасада.
„Руинирана куќа со реновирана фасада. Вака работи техничкиот премиер!“, кратко одговори Меџити.
Меџити еден од предводниците на албанскиот опозициски блок пред некој ден изјави дека тие бараат министри во техничката влада.
Во однос на техничката влада, наш став е дека и овој пат треба да има, но овој пат министрите треба да припаднат на албанската опозиција, рече Меџити.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата